Американската актерка Анџелина Џоли ги обула најудобните сандали што се хит ова лето
Анџелина Џоли (47) била фотографирана на улиците на Рим каде што моментално престојува со ќерка ѝ Сахара. Папараците ја уловиле на пауза од работата на еден проект во Италија, а нејзиниот уличен летен стајлинг го воодушевил светот.
Со неколку свои стајлинзи, сочинети од широки, удобни парчиња, Анџелина обула сандали со платформа од коноп, кои не поминале незабележано.
Овој модел на сандали е еден од омилените кај жените, најпрво поради удобноста, но и поради еден моден трик – ги издолжуваат нозете.
Актерката одбрала сандали во нуд нијанса со отворени прсти.
Инаку, сандалите што се идеални за топлите денови се и безвременски класик. Совршени се за дамите што сакаат да си додадат по некој сантиметар, без да изгубат на удобност.
Совршено се комбинираат со дневни стајлинзи во сите стилови и прогласени се за најпожелните обувки за 2022 година.
Анџелина Џоли овие сандали ги носи со макси-фустани во сите нијанси, ленени панталони и летни комбинезони.