Доктор Горица Дачевска доби специјална награда за личност на годината на Балканот од областа на естетската медицина

Огромен настан со гости од целиот Балкан

Познатиот дерматовенеролг Д-р. Горица Дачевска ја прими наградата
За Личност на годината на Балканот од областа на естетската медицина во рамките на одбележувањето на денот на општината 21 јуни, Сокобања.

Со богата програма и награди оваа општина направи вистинско изненадување за своите жители и за регионот.

Два дена низ центарот на Сокобања се случуваа низа активности како саем на производи, сувенири и вино, голем број на анимациска програма, музички настани низ пешачката зона и централниот градски парк.

Главното  случување се одржа во хотелот „Моравица“ на кое се доделија плакати за најуспешните со над 30 музички изведувачи.

Огромен настан со гости од целиот Балкан.

Во рамките на свечената церемонија на доделување  награди и признанија, д-р Горица Дачевска (специјалист по дерматовенерологија) од познатиот ласер-центар „Д-р Горица“, при примањето на специјалното признание за личност на годината од Балканот од областа на естетската медицина се заблагодари за вниманието, ја пофали одличната организација и вети дека ќе се труди да го одржи  нивото на работа и квалитет, и како и досега така, и во иднина, ќе вложува во едукација, нови технологии и ласерски услуги.

Од тимот на „Д-р Горица“ информираат дека досега оваа позната докторка има добиено бројни награди и признанија, посебно драги оние за жена-менаџер на годината како и последната од Сокобања.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.