Како современите жени се грижат за својот изглед и го забавуваат процесот на стареење?

Дознајте!

Ви претставуваме протокол за младешки и блескав изглед…

Со годините, кожата природно ја губи концентрацијата на хијалуронска киселина која самата ја произведува, што доведува до губење на тонусот, пополнетоста и еластичноста на кожата. Придружено со негативните ефекти на надворешните влијанија како што се загадувањето, ултравиолетовото зрачење, но и никотинот, последиците врз состојбата на кожата и организмот во целост се трајни.

Естетската медицина и современата козметологија бележат навистина револуционерни промени во последните неколку години и овозможија неинвазивните, корективни зафати да му бидат достапни речиси секому. Бројот на модерни методи и техники кои ни стојат на располагање кога е во прашање грижата за изгледот, но и за квалитетот на кожата е навистина голем, а едно од овие модерни решенија е комбинираниот третман за младешки и блескави лице, врат и деколте: PRX-T33 + TEOSYAL REDENSITY 1 на Teoxane.

Што е PRX-T33- PRX?

Тоа е биоревитализирачки пилинг без игла кој длабоко продира во слоевите на кожата без да го наруши горниот слој на кожата (епидермисот). Наменет за подобрување на еластичноста на кожата, третман на лузни, акни, мелазма и хиперпигментација, како и за хидратација и видливо намалување на порите.

TEOSYAL REDENSITY I и BEAUTY BOOSTER:

TEOSYAL REDENSITY I e eксклузивно патентирана формула која содржи висока концентрација на хијалуронска киселина и коктел од есенцијални нутриенти, кои се активно присутни во самата кожа (амино киселини, анти оксиданти, минерали и витамин B6). Овој уникатен микс делува хидрирачки на кожата, со реструктуирање на ткивото, регенерација на клетките и антиоксидантна заштита. Го спречува предвременото стареење на кожата и појавата на брчки, и го дополнува и зголемува ефектот од естетските процедури. Овој третман се изведува со инјектирање без болка.

За оптимален резултат

Комбинацијата на биоревитализирачки пилинг без игла PRX-T33- PRX и третманот TEOSYAL REDENSITY I е клучна. Синергискиот ефект кој го дава комбинираниот третман е значително поголем од поединечено спроведување на третманите. Наменет е за регијата на целото лице, вратот и деколтето.

Побарајте кај својот доктор-естетичар третман за подобрување на квалитетот на кожата со протокол PRX-T33 и TEOSYAL REDENSITY I.

Повеќе информации на:

Инстаграм: @teoxane.macedonia; @prxt33.macedonia; @ipsum.med

Веб-сајт: teoxane.mk

Фејсбук: Teoxane Macedonia

За сите дополнителни прашања јавете се на телефонскиот број на IPSUM DOOEL, 071/493-141.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.