Ѕвездата од „Ѕвездите на Гранд“, Исак Шабановиќ доживеал непријатност во кафуле: Го пцуела непозната жена!
Познатиот пејач збунето и одговорил - ви благодарам
Исак Шабановиќ, финалистот од минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, беше еден од фаворитите за победа, а сега откри дека неодамна бил нападнат во едно кафуле.
Имено, тој раскажа дека непозната жена упатила пцовки кон него и дека тоа првпат му се случило.
View this post on Instagram
– Пред некој ден пиев кафе во едно кафуле и ми пријде една жена и ми вели: Кој си ти, ти пејач? Ти си нула“ и започна да ме пцуе. Јас се збунив и реков, извините госпоѓо, ви благодарам. Ова првпат ми се случи – рекол Исак.
Иако е свесен дека не постои личност која сите ја сакаат, признал дека не му било сеедно кога таа жена му го кажала нејзиното мислење директно во лице.