Розова празнична бајка: Најубавите идеи за украсување елка и ентериер во најнежната боја!

Празници во елегантно издание

Црвената и златната полека го напуштаат врвот на листата најубави празнични бои

Откако со децении во празничниот ентериер преовладуваат црвената, златната и сребрената боја, понекогаш и сината и циклама, сè попопуларни се украсите и декорациите во нежна, розова нијанса.

Оваа боја му го дава на ентериерот потребниот празничен дух, но во ненападно, елегантно и нежно руво.

Најдобро оди со „снежни“ нијанси, како сребрена и бела, а оние похрабрите може да се поиграат и со посмели нијанси, како што се комбинациите на пастелно розова со виолетова, тиркизна или нежносина боја.

Дали розовата боја потполно ќе доминира во вашиот празничен ентериер или оваа година само малку ќе ги внесете во декорацијата, зависи пред сè од буџетот, но и од личниот афинитетот, а можете да ја користите буквално за сè – од цела елка или по некој украс, до декоративни перничиња и самостојни декорации.

Ви претставуваме некои од најубавите идеи како оваа година својот дом да го претворите во вистинска розова празнична бајка!

Погледнете ја нашата галерија и прекрасните предлози во продолжение…

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе