Вдишете длабоко! Fisherman’s Friend – силни во грлото, свежи на јазикот и студени на здивот

Бонбоните Fisherman’s Friend првично беа развиени од фармацевтот Џејмс Лофтхаус во 1865 година за да ги ублажат различните респираторни проблеми што ги имаа рибарите кои работат во екстремни услови на северните риболовни подрачја на длабоко море.

Иако го развил како исклучително силен течен лек кој содржи ментол и масло од еукалиптус, Лофтхаус подоцна ја претворил течноста во мали таблети, кои биле полесни за транспортирање и попогодни за употреба. Рибарите ги нарекле овие таблети „пријатели“, па оттука и името Fisherman’s Friend, што буквално значи „пријател на рибарот“.

Како одговор на барањата на туристите што ги посетуваа Блекпул и Флитвуд, семејството Лофтхаус го препозна огромниот потенцијал на бонбоните Fisherman’s Friend и во 1967 година почна да ги продава од своето комбе во продавниците во околните северозападни градови.

Како што се зголемуваше побарувачката, пет години подоцна продукцијата Fisherman’s Friend беше преместена на нова локација, во простор што дотогаш беше куќа за трамвај.

Бонбоните Fisherman’s Friend првпат беа извезени во 1974 година, во Белгија и Норвешка. Сѐ почна со претчувство дека Белгијците и Норвежаните би можеле да ја ценат моќта на оригиналниот екстрасилен пријател на рибарите. И тоа беше почеток на една феноменална приказна за успешен извоз.

Моментално во нив се ужива во повеќе од 80 земји, дури 96% од сите произведени бонбони се наменети за меѓународните пазари.

НЕПРОМЕНЕТ ВКУС

Таблетите се релативно непроменети од нивното основање. Оригиналните хартиени пакувања подоцна станаа обложени со фолија. Оригиналните силни бонбони содржат шеќер, екстракт од корен од сладунец, ментол, масло од еукалиптус, a секако има и голем избор бонбони без шеќер. Всушност, Fisherman’s Friend е првата фабрика што произвела бонбони со ментол без шеќер.

Денес, кај нас се достапни 5 вкуса, а секој различен вкус има и уникатни состојки.

Текст и фото: Убавина и здравје, ПР

 

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе