Вака зборува жената што добила сè од животот: „Двете предности што ги имав во животот се тоа што сум родена мудра и сиромашна“

Мудри зборови

10-те најдобри цитати на Софија Лорен за храната, љубовта и добриот живот, покажуваат што ѝ е најважно во животот

Легендарната актерка Софија Лорен е една од неповторливите холивудски ѕвезди.

За британскиот „Вог“ изјавила:

„Ја обожавам Рита Хејворт. Нејзината убавина, нејзината дрскост, нејзината класа и тие нозе… Мама миа!“, можеби таа ѝ се восхитува на Рита, но и самата Софија претставува икона за милион фанови ширум светот.

Оваа неверојатна актерска дива и денес, во деветтата деценија од животот, освојува со својот изглед и елеганција каде и да се појави. Нејзиниот актерски талент е редок, како и нејзината убавина.

Нејзините незаборавни филмови се огромни хитови, а неодамна глумеше во The Life Ahead, филм во режија на нејзиниот син, признаениот италијански режисер Едоардо Понти.

Во продолжение се потсетуваме на некои од нејзините најдобри цитати:

  • За добрата храна: „Сè што гледате им го должам на шпагетите.“
  • За мајчинството: „Кога сте мајка, никогаш не сте сосема сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да размисли два пати, еднаш за себе, а еднаш за своето дете.“
  • За убавината: „Убавината зависи од тоа како се чувствуваш однатре и тоа се одразува во твоите очи. Тоа нема врска со физичката убавина.“
  • За привилегиите: „Двете големи предности што ги имав од раѓање се тоа што сум родена мудра и во сиромаштија.“
  • За сексуалната привлечност: „Сексуалната привлечност е 50 отсто сочинета од она што го имате и 50 отсто од она што луѓето мислат дека го имате.“
  • За неуспехот: „Грешките се дел од даноците што се плаќаат за исполнет живот.“
  • За успехот: „За да напредувате во тешка професија, треба да имате страсна верба во себе. Затоа, некои луѓе со просечен талент, но со силен внатрешен порив стигнуваат многу подалеку од луѓето со исклучителен талент.“
  • За образованието: „Погрешно е да мислите дека кога ќе завршите со школување, никогаш веќе не морате да научите ништо ново.“
  • За болката: „Никогаш не сум се обидувала да ги блокирам спомените од минатото, иако некои се болни. Не ги разбирам луѓето што се кријат од своето минатото. Сè што ќе преживеете, ви помага да станете личноста каква што сте сега.“
  • За модата: „Женскиот фустан треба да биде како ограда од бодликава жица: да ја врши својата функција, без да го попречува погледот.“
Животни лекции на Софија Лорен: „Единствените две предности во животот ми се тоа што се родив паметна и сиромашна!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.