Животни лекции на Софија Лорен: „Единствените две предности во животот ми се тоа што се родив паметна и сиромашна!“

Неверојатна жена

Нејзината убавина не била препознаена кога првпат на 14 години се пријавила на натпревар за избор на мис, но затоа кога четири години подоцна се појавила на филмскиот сет, привлекла големо внимание

Софија Лорен зрачи со харизма. Таа никогаш не го сметала својот физички изглед за пресуден, иако важи за една од најубавите жени во историјата!

Софија Лорен не стигнала лесно до завидна кариера и светска популарност, не потекнува од богато семејство и немала врски, но е првата италијанска актерка и генерално првата актерка што не е од англиско говорно подрачје која за својата глума ја добила најпрестижната филмска награда – „оскар“.

Таа честопати нагласувала дека нејзините единствени две предности во животот се тоа што се родила паметна и сиромашна.

Во моментот кога станала мајка по втор пат, кариерата ја ставила во втор план. Како и повеќето Италијанки, таа го сметала семејството за нешто свето и тоа ѝ било на прво место.

Целиот живот била во врска со еден човек, италијанскиот продуцент Карл Понти, а по неговата смрт изјавила дека нема да се венчава, затоа што би било невозможно да сака уште некого во овој живот.

Ова се нејзините најзначајни животни лекции…

1. Бидете самоуверени

„Самодовербата може да се види во вашите очи и таа е неизоставна доколку се стремите кон успех во животот.“

2. Убавината зависи од тоа како се чувствувате однатре, не е поврзана со физичкото

„Ништо не може да ја направи жената поубава од нејзиното лично доживување дека е убава“

3. Сакајте ги вашите облини

„Сѐ што гледате се должи на шпагетите“

4. Животот е тежок, но токму тешките моменти ќе ве направат посилни и поубави

„Ако не сте плачеле, вашите очи не може да бидат убави“

5. Бидете дисциплинирани

„Дисциплината е еден од најдобрите начини на кои можете да му пристапите на животот.“

6. Единствениот начин да ги победите годините е да го сакате животот

„Не постои фонтана на младоста: таа се наоѓа во вашиот ум, во вашите таленти, во креативноста што ја внесувате во сопствениот живот и во животот на оние што ги сакате“

7. Истражете го животот, правете грешки!

„Мојата животна филозофија секогаш се базирала на едноставната идеја дека подобро е да се истражува животот и да се прават грешки, одошто да се игра на сигурно и воопшто да не се ризикува“

Златни совети: Секоја жена во 40-тите години треба да ги усвои овие 10 животни лекции!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.