Најкраткиот, но и најтешкиот тест за интелигенција: Повеќето луѓе даваат погрешни одговори на овие 3 прашања

Пробајте да ги одговорите

Одговорете ги овие прашања и тестирајте ја вашата интелигенција

Психологот Шејн Фредерик и неговиот тим во 2005 година одлучиле да тестираат околу 1000 студенти од најдобрите американски универзитети.

Идејата на овој тест била погрешните одговори први да паѓаат на памет. Такви одговори најчесто давале луѓе со интуитивен начин на размислување, додека оние со порационален начин на размислување во просек давале подобри одговори.

Покрај тоа што ги тестирале когнитивните способности на овие луѓе, научниците ги прашале и уште едно нешто. На испитаниците им било понудено да добијат 3.400 долари веднаш или 3.800 долари за еден месец.

Како што се покажало, повеќето луѓе што добиле ниска оценка на тестот не се согласиле да почекаат и сакале веднаш да добијат помал износ.

Наспроти тоа, луѓето со високи резултати на тестирањето покажале посилна волја, што им помогнала да добијат подобар надомест.

Еве кои се прашањата на кои поголемиот дел од испитаниците дале погрешни одговори…

Прашања

1. Тениски рекет и топче чинат 1 долар и 10 центи заедно. Тенискиот рекет е 1 долар поскап од топчето. Колку чини топчето?

2. Пет машини произведуваат 5 работи во рок од 5 минути. Колку минути ќе бидат потребни за 100 машини да произведат 100 производи?

3. Во едно езеро растат алги. Растат прилично брзо, секој ден дуплирајќи го подрачјето на кое се наоѓаат. Ќе им требаат 48 дена за целосно да го покријат езерото. Колку дена ќе им треба на алгите за да покријат половина од езерото?

Погледнете ги одговорите на следната страница…
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.