Дали летните горештини ви го нарушуваат сонот?

Еве неколку совети како да си помогнете!

Без разлика дали имате слаба вентилација, вашиот климатизер не работи или едноставно немате доволно свеж воздух во вашата спална соба, големи се шансите последните неколку недели да сте ги поминале превртувајќи се во креветот.

Според Националната фондација за спиење, идеалната температура за добар ноќен одмор е меѓу 15°C и 19°C. Но не се постигнува лесно кога е топло, нели? Ако се прашувате што да правите за мирен сон кога е премногу топло, знајте дека ви потребни само неколку мали промени.

1 Размислете за употреба на вентилатор. Ако немате клима-уред во спалната соба, вентилаторот нема да биде соодветна замена, но кога е голема жештина, ќе направи разлика во температурата. Не го ставајте веднаш до креветот бидејќи може да се вкочаните. Ставете го под отворен прозорец свртен нанадвор за да го турка топлиот воздух од вашата спална соба.

2 Набавете квалитетен наддушек со мемориска пена, дизајниран да лади кога е жешко. Всушност, купувањето нов душек е поефикасно решение бидејќи новите душеци се креирани да ја одржуваат телесната температура пониска во потоплите месеци и повисока за време на постудените месеци. Но зависи од тоа колку би можеле да инвестирате во моментов. Користете исклучиво лесна прекривка изработена од чист памук.

3 Изберете и перница со ефект на ладење. Доколку немате, вртењето на перницата на „студената страна“ помага, а добро е покрај креветот да чувате вода во шише со распрскувач за да му дадете на лицето и телото освежувачки спреј ако се разбудите ноќе.

4 Тргнете ги од себе мобилните телефони и исклучете ги светилките. Кога е навистина жешко, помага и исклучувањето на светилките, лаптопот и оддалечувањето на мобилниот телефон од вас. Затоа, наполнете ги вашите уреди надвор од спалната соба и исклучете сè што можете.

5 Ладен туш? Знаеме дека ви звучи најпримамливо за да почувствувате свежина, но вистината е дека студената вода е своевиден аларм за телото, па за ослободување од топлината подобро е да се туширате со млака вода. Многумина ја мократ косата, но тоа е не му годи секому.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.