„Бев во кома 4 недели, кога се разбудив, мојот свршеник веќе нашол друга, а уште полоша работа им се случи на моите!“

Вистинита приказна

На 25-годишна возраст, Бри Дувал водела успешен живот за една млада девојка – се преселила од Австралија во Канада, ја имала работата од соништата и била во среќна врска четири години. Но, една вечер во август минатата година, целиот нејзин свет се урнал.

Имено, за време на едно ноќно излегување со пријателите на 29 август, доживеала несреќа на паркингот и ја повредила главата. Веднаш била префрлена во болница на интензивна нега, а четири недели била во кома поради потрес на мозокот и неколку скршеници.

Лекарите ѝ кажале на нејзината мајка дека има само 10 проценти шанси да преживее. За среќа, нејзините родители не дозволиле да се исклучат апаратите кои ја одржувале во живот и за три недели таа почнала да се буди од комата.

Кога конечно се разбудила, имала амнезија, но набрзо ѝ се вратило сеќавањето и успеала да се сети на важни работи од својот живот. Кога докторите ѝ го вратиле телефонот, ја дочекала информација која ѝ го скршила срцето.

Нејзиниот партнер и свршеник со кого живеела пред несреќата ја блокирал на сите социјални мрежи и си нашол друга.

@hotcomagirl1 Real coma experience vs. senior year coma experience! #fyp #coma #braininjuryawareness #braininjurysurvivor ♬ original sound – HotComaGirl113

Конечно го добив телефонот и првата мисла беше да му се јавам и да видам што се случило бидејќи не ме ни посети. Го отворив мобилниот да му испратам порака, кога се појави порака од жена која рече дека сега е со него и дека живее со неа и нејзиниот син. Ми кажа дека не се обидувам да контактирам со неа – рече Бри и додаде дека не се слушнала со него откако е во болница и дека нема поим зошто  се случило тоа.

Освен што ја оставил свршеникот, Бри не можела да ги види и родителите бидејќи биле во Австралија и не можеле да патуваат поради ограничувањата предизвикани од коронавирусот.

Докторите ѝ рекоа на мајка ми дека имам 10% шанси за живот и дека треба што поскоро да дојде во Канада бидејќи работите не изгледаат добро“ – се присети таа.

Несреќата се случила во екот на пандемијата на ковидвирусот, па никој во Австралија не смеел да ја напушти или да влезе во земјата. Нејзините мајка и татко отишле во владата и побарале посебна дозвола за да се простат од Бри бидејќи мислеле дека нема да преживее. Но биле одбиени безпричина и објаснување.

Затоа мајка ми им рече на лекарите во Канада да ме држат на апаратите што ме одржуваа во живот и да не ги исклучуваат под никакви околности“, објасни таа.

Инцидентот ја натерал Бри да сфати дека никогаш повеќе не сака да се раздели од своето семејство и затоа се вратила во Австралија за да биде со нив.

Во болницата била вкупно пет месеци додека закрепнувала од несреќата, а иако родителите не ѝ биле покрај креветот, нејзината најдобра пријателка Сем често доаѓала и ѝ правела друштво, пишува „Мирор“.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.