Легендарната Лепа Лукиќ се збогува со публиката: Вчера го одржа својот последен концерт во кариерата, на крајот и заплака!

Импресивна кариера од неколку децении!

Познатата пејачка на народна музика Лепа Лукиќ вчера во Белград, по пауза од шест години, одржа концерт. Како што најави, ова е последниот солистички концерт во нејзината кариера, но таа и понатаму ќе продолжи да се занимава со музика.

Овој единствен потфат на познатата пејачка со наслов „Лепини путичи“, го поддржа оркестарот на Миша Мијатовиќ, како и неколкумината гости на концертот: Зорица Брунцлик, Ана Бекута, Иван Милинковиќ, Милан Топаловиќ, Снежана Ѓуришиќ, Цакана, но и младата пејачка Милица Миловановиќ.

Концертот беше доста емотивен, а за тоа сведочеа и лицата на луѓето во публиката, како и солзите на Лепа Лукиќ, со оглед на тоа дека на некој начин се збогувала со публиката…

Атмосферата на концертот можете да ја погледнете во продолжение.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.