Сергеј Четковиќ им кажал на ќерките дека се посвоени: Еве, како им го соопштил тоа! (ФОТО)

Искрено!

Познатиот пејач Сергеј Четковиќ никогаш не криел дека со неговата сопруга Кристина ги посвоиле ќерките Лола и Мила, а сега потполно отворено зборуваше за тоа.

Пејачот најпрво се разочарал што дознал дека и денеска посвојувањето е табу-тема, како и дека многу луѓе не сфаќаат што значи да се биде родител.

„Луѓето малку се срамат да зборуваат за посвојување, а не би требало. Што значи да си родител? Тоа не е само да го родиш детето, туку да бидеш негова сигурност, поддршка, водач. Да бидеш некој кој е секогаш покрај него. Ние не сме навлегле премногу околу тоа – дали и како ќе посвоиме деца, едноставно пуштивме да се случи…“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SERGEJ ĆETKOVIĆ (@cetkovics)

„Една вечер седевме во автомобил и сфативме дека предадовме документи за посвојување, така беше и за втората ќерка. Ако сакате да бидете родители, немојте да бирате средства – посвојте деца, направете ги среќни, а со тоа и самите себе. Без притисоци чинете добро дело. Не работи на тоа и не се размислуваш за тоа. Јас секогаш им велам на моите деца – јас вас ве родив од срцето – отворено зборувал пејачот и продолжил:

„Проблемот и бариерата кај сите луѓе е тој страв – што ќе биде кога моите деца ќе дознаат дека се посвоени. Моите ќерки знаат дека се посвоени, им зборував уште од првиот ден дека постои некое училиште за деца каде ние сме биле и тие рекле, па каде сте вие до сега. Мораш да најдеш начин со кој најсликовито, преку некоја бајка ќе им го пренесес тоа. Луѓето прават грешка, чекаат да наполнат 18 години и слично, а не треба така – рекол Сергеј и додал:

„Кога ја добивме Мила и на неа и кажавме: „Ние со сестра ти дојдовме во тоа училиште, те баравме, а ти крена рака и кажа еве сум“. Единствен проблем во тој процес е да се најде поинаков модалитет. Знам доста пријатели кои биле на разговор за посвојување, па таму ги бомбардираат со некакви приказни, толку ќе им ја наполнат главата со неважни работи, па на крај ќе се откажат, бидејќи се збунети. Ублажете го процесот, кажете им дека на најдобар начин дека секој треба и може да има свое семејство – рекол Сергеј во една емисија“.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе