Потресна исповед на Сека Алексиќ: „Мајка ми има лузни од ударите на татко ми, се бањавме кај соседите“ (ФОТО)

Тажна приказна...

Српската пејачка Сека Алексиќ пораснала во сиромашно семејство, а како малечка била сведок на семејно насилство, татко и ја тепал мајка и, а сите тие работи оставиле голем белег на неа.

„Татко ми сега е покоен и тој беше добар човек, но постојат работи кои се случија и кои не можат да се избришат. Јас се му простив. Тој сакаше да се напие и беше во состојба се што ќе заработи да даде на децата кои немаат, да части многу луѓе и слично… Ќе му проработеше љубомората и поради тоа имаше проблеми со мајка ми, таа страдаше највеќе, добиваше ќотек. Имаше повеќе ситуации во кои јас и брат ми ги разделувавме, таа сега има лузни на лицето од тој период. Се разведе поради тоа и јас ја разбирам, тоа не треба никој да го преживува. После тоа татко ми замина во странство да работи не се слушнавме пет-шест години“ – рекла таа.

„Јас пораснав покрај очувот Милан, кој многу го сакам и кој нас не гледаше како негови деца. Работеше за дневница за да заработи и да ми плати автобуска месечна карта, за да можам да одам на училиште“ – рекла Сека во емисијата „Преживели“ на К1 – телевизија.

„Многу тешко живеевме, бевме во сместување за бегалци, потоа заминавме да живееме во една стара куќа. Немавме тоалет, се бањавме кај соседите. Дојдовме буквално во тоа што бевме облечени, без ништо“ – додала пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.