Кантавторката Шинејд О’Конор на Твитер потврди дека починал нејзиниот 17-годишен син Шејн.
– Мојот прекрасен син, светлото на мојот живот одлучил да ја прекине оваа земјена борба и сега е со Бог. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Душо моја. Многу те сакам – напишала Шинејд на социјалната мрежа.
View this post on Instagram
„Дејли мејл“ пишува дека тинејџерот Шејн исчезнал во чевртокот и дека полицијата веднаш започнала да го бара. Последен пат бил виден во јужен Даблин, а во саботата полицијата извести дека потрагата по него е завршена.
По пронаоѓањето на телото во петокот на 7-ми јануари прекината е истрагата по 17-годишникот Шејн – рекол потпаролот на полицијата, пренесува „The Sun“.
Инаку Шинејд има уште три деца.