Оглас кој ги вжешти социјалните мрежи: Се издава стан во кој Џала Брат и Буба Корели снимаа спот, ама има и еден посебен услов! (ФОТО)

И ова го има...

На социјалните мрежи се појави оглас кој предизвика „бура“ од коментари, а се работи за издавање на стан во кој Џала Брат и Буба Корели снимале спот.

Имено, познатите рапери во овој стан го снимиле спотот за песната „Карантин“, а издавачот на станот имал и едно посебно барање.

“Го издавам станот во кој Џала Брат и Буба Корели снимаа спот. Ако не ја цените уметноста, воздржете се од коментирање, благодарам однапред“ – започнува неговиот однос.

„Кај споменикот на Вук издавам убаво наместен стан, во кој музичарите го снимаа спотот за песната „Карантин“. Станот има исклучително сентиментална вредност. Во секој детаљ е вложено многу труд и резултатот е неповторлив. Цената на станот за еден месец изнесува 1.100 евра, инфостан е 90 евра, а задолжителен депозит е во износ од 1.600 евра. 54 метри квадрати. Тој што ќе сака да го земе станот, ќе мора да потшише договор за задржување на станот во оргиналниот изглед и распоред како во спотот „Карантин“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.