КОНЕЧНО Совршена формула за нега на лицето: Лансирање на брендот Ениса Кадрии и промоција на првиот крем од линијата Dream Cream (ФОТОГРАФИИ)

За сите возрасти

Во петокот, во присуство на македонскиот џетсет, многу познати личности и инфлуенсери, како и сите кои нешто значат во светот на убавината и негата кај нас, под мотото Elevate your beauty бешe лансиран брендот enisakadrii.brand и промовиран првиот крем од линијата – Dream Cream.

Младата дама со префинет вкус и аристократска убавина Ениса Кадрии долго работеше на пронаоѓање на совршена формула за нега на кожата, па така е создаден Dream Cream, крем за нега на лицето, направен од грижливо избрани, комплетно природни состојки. Универзален и погоден за сите возрасти, со големо заштитно дејство против стареење на кожата и висок СПФ 50.

Кремот е достапен во аптеките на Зегин, а наскоро и во поголем дел од парфимериите и онлајн-продажба https://enisakadrii.com/.

За повеќе детали и сите новости, следете на инстаграм-страницата @enisakadrii.brand

Настанот се одржа во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje, а го отворија популарната водителка Јована Стојменовиќ и Ресул Синани – познат уредник и водител од Косово. Присутните уживаа во музичкиот дел за кој се погрижија: состав од реномирани инструменталисти, младиот виолинист Орели и Папаз – дуо.

Во продолжение, ѕирнете во гламурозната промоција на Dream Cream by Enisa Kadrii!

Текст: Татјана Пуленџовска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.