Жената со најголеми вештачки гради на светот има неверојатен живот: Поради дојките од по 10 кг не може да ги прави ОВИЕ работи!

Шокантно!

Иако ѝ се голем товар, не планира да ги намалува

Германката Мајра Хилс е горда сопственичка на најголемите вештачки гради на светот со големина 32 Z. Меѓутоа, Бешин, како што ѝ гласи уметничкото име, не планира да застане тука. Работи успешно како моделка за секси едиторијали.

Мајра е висока само 167 сантиметри, а секоја дојка поединечно ѝ тежи околу 10 килограми, и двете се исполнети со солена течност. Пред многуте операции, нејзините гради биле со големина А.

Од друга страна, колку и да е горда на своите гради, во некои ситуации тие ѝ претставуваат вистински товар. Таа нагласила дека има големи проблеми кога вози автомобил. Исто така, иако звучи смешно, се соочува со тешкотии кога сака да оди во кино или кога мора да лета со авион.

„Моите блузи мора да бидат многу широки и да имаат ептен големи изрези. Исто така, морам да ги шијам градниците, бидејќи не можам да ги купам во обични продавници. Сепак, барем не морам да се грижам за панталони и здолништа – нив можам да ги купам во обични продавници“, вели Мајра.

Мајра во секој момент носи и дополнителен градник во чантата, во случај тој што го носи на себе да ѝ пукне. Голема вљубеничка е во фитнесот и многу време поминува во вежбалница. А тогаш ѝ требаат и до три спортски градници, кои ги носи еден преку друг.

Повеќе не обрнува внимание на разните реакции и коментари за нејзиниот необичен изглед.

„Не можам да го сокријам ова. Некогаш слушам смеење зад себе на улица или некој многу ќе се загледа, слушам и негативни зборови. Жените честопати ме мразат. Мажите најчесто се без текст или мислат дека сум порно актерка“, заклучила Германката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.