Завел 12 години помлада, па ја натерал бившата на абортус: Најголемиот турски швалер сега е папучар, додека сопругата му се одмаздува!

Турскиот актер сега ужива во новиот брак

Халит Ергенч во Турција е прогласен за голем заводник и шармер, а од оваа неславна титула не може да се ослободи ни сега, кога упорно се труди да биде примерен сопруг

Халит Ергенч има 53 години и важи за голем женкар и заводник во Турција. Моментално е во брак со втората жена, а начинот на кој ја завел многумина ги шокира. Имено, Халит бил среќно оженет и го чекал првото дете со својата 13 години помлада сопруга Гизем, но потоа се вљубил во колешката со која работел.

Бергузар Корел во тоа време имала само 23 години и паднала на шармот на 12 години постариот Халит.

Двојката заминала во Париз во 2008. година за да снимаат нов проект и тука пламнале искрите. Толку се вљубиле што Бергузар одлучила да го остави својот партнер, а Халит да ја остави бремената сопруга.

Кога Халит јасно ѝ дал до знаење дека е вљубен во друга, Гизем одлучила да ја прекине бременоста. Наводно, Халит не ја спречил туку одлучил да ѝ исплати огромна сума на пари и така да го заврши бракот и љубовната приказна со првата сопруга.

Но кога се оженил со Бергузар, неговиот живот не се претворил одеднаш во бајка.

Со оглед на тоа што во Турција го бие глас на голем женкар, медиумите го поврзувале со разни актерки, а најголемата криза во новиот брак Халит ја имал додека ја снимал серијата „Сулејман Величествениот“, кога сите биле убедени дека е вљубен во Мерјем Узерли, која ја играла Хурем.

Во тоа време, Бергузар доаѓала на снимањата за да го контролира сопругот, а Халит признал дека морале да одат и кај брачен терапевт на советување.

Сепак, изгледа сопружниците ги совладале сите препреки, бидејќи од 2010. па до денес, имаат добиено три деца и веќе не се спомнува развод.

Но турските медиуми почнуваат да шушкаат дека сега Бергузар има тајна симпатија и дека многу е блиска со колегата со кого снимала нова серија.

Медиумите ги разведуваат, а тие чекаат трето дете: Бергузар Корел и Халит Ергенч најсреќни досега!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.