Викторија Бекам неутешна по смртта на кралицата Елизабета: „Длабоко сум тажна“

Свет

Славните личности се опростуваат од првата дама на британскиот двор.

Трагична вест одекна вчера во Европа и светот. Британската кралица Елизабета почина на 96-годишна возраст. Таа беше монарх со најдолг стаж во Обединетото кралство – владееше 70 години.

Родена во 1926 година, принцезата Елизабета стана кралица по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, во 1952 година.

По нејзината смрт се огласија бројни познати личности, меѓу кои и познатата дизајнерка и сопруга на познатиот фудбалер Викторија Бекам, која беше блиска пријателка на кралското семејство и присуствуваше на сите големи прослави на британскиот двор.

„Денеска е многу тажен ден не само за нашата земја туку и за целиот свет. Длабоко сум тажна поради смртта на нашиот сакан монарх, Нејзиното Височество Кралицата. Таа ќе остане запаметена по нејзината непоколеблива лојалност и слуга, а моите мисли се со кралското семејство во овој неверојатно тажен момент“, напиша Викторија Бекам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.