СПЕКТАКЛ Лудило во Белград за дочекот на Новата година: Еве кој ќе ја забавува публиката пред Народното собрание!

Шоубизнис

За дочекот на Новата 2023 година на платото пред Домот на Народното собрание во Белград и нивните гости, спектакуларен настап ќе им подарат моментално најпопуларните домашните трап изведувачи.

Како што ексклузивно дознава српскиот Курир, во прашање се: Теодора Џехверовиќ, Михајло Веруовиќ Војаж, Игор Паниќ Нучи и Зера.

Тие со своите хитови и сценските перформанси, ќе ја забавуваат публиката на најлудата ноќ на најголемиот организиран дочек со отворен простор.

„Ова ќе биде еден од најдобрите европски дочекувања за Нова година. На тој начин ќе покажеме како Белград може со нашите пејачи да направи една светска атракција“, рекоа организаторите на прес конференцијата.

Потсетуваме, иако со денови се шпекулираше кој ќе пее за публиката на традиционалниот дочек пред Народното собрание, сега конечно е откриено дека се во прашање овие трап ѕвезди.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.