Сопругот на познатата актерка го зел нејзиното презиме: „Мажи, нема да престанете да постоите ако го направите ова“

Каков стил поседува, а ја краси и природна убавина.

Актерката Зои Салдана овој месец беше во Париз со сопругот и децата, па отидоа и на Сардинија. А фотографиите настанати во оваа пригода се доказ дека нејзината брачна идила трае.

Zoe Saldana's husband Marco Perego gives her a kiss as they enjoy stroll  through Paris with their children | Flipboard

Љубовната приказна на актерката и нејзиниот сопруг започна пред многу години и има една интересна работа во неа. Се венчаа во 2013 година и во таа пригода италијанскиот уметник Марко Перего Салдана го зел презимето на својата сопруга, односно го додал нејзиното презиме на своето. Голем број луѓе беа изненадени и шокирани од неговиот потег, па актерката одлучи да го одбрани својот партнер.

И Зои Салдана на своето презиме го додаде презимето на својот сопруг.

Зошто е толку изненадувачки, шокантно, зошто е толку голема работа ако мажот го земе презимето на својата сопруга? Жените никогаш не прашуваат дали е во ред да се откажат од презимето, зошто е тоа голема работа за мажите? Мажи, нема да престанете да постоите ако го земете презимето на вашата жена. Напротив, ќе останете запаметени како некој кој направил разлика. Знам дека нашите синови ќе го ценат и ќе му се восхитуваат на нивниот татко кој е пример за другите. Господа, осмелете се да „излезете надвор од кутијата“, отфрлете ги сите ограничувања. Машкоста треба да добие ново значење, мажот треба да застане покрај партнерката. Вистинскиот маж ги сфаќа своите мани, сфаќа дека не може ништо сам, напиша Зои во 2013 година на Фејсбук.

Тој пред венчавката ѝ рекол, коментирајќи ги очекуваните критики „не ми е гајле за тоа, Зои!“.

Zoe Saldana sa suprugomПознатиот пар има три деца, нивниот брак минува без скандали и без голема медиумска експонираност.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.