Сe огласи албанската пејачка што ја погодија со телефон во лице: Покажа какви повреди заработила и остави краток коментар (ФОТО)

Пејачката набргу по инцидентот заврши во болница и каде што заврши со три конци на аркадата. Нападот се случи за време на концертот кој е дел од нејзината турнеја „Најдобрата ноќ на мојот живот“. Во еден момент, како да покажа двоглав орел со раката…

Албанската пејачка Бебе Реџа се огласи на социјалните мрежи откако на својот концерт на 18 јуни во Њујорк беше погодена со мобилен телефон во главата.

Видеоснимката од ударот можете да ја погледнете ТУКА.

Таа ги покажа повредите што ги заработила за време на немилиот настан. Пејачката им се обрати на своите следбеници. Нејзиниот коментар беше многу краток.

Добро сум, напиша пејачката на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

Бебе Реџа искоментира и на Тикток, каде што преку песната го кажа истото:

Добро сум, добро се чувствувам, симнувајќи ги очилата за сонце од лицето.

@beberexhaIm okay you guys 💖♬ original sound – BebeRexha

Властите во Њујорк за „Дејли мејл“ потврдија дека е уапсен Никола Малвања (27) од Њу Џерси, кој ја погодил пејачката и дека против него е покренато обвинение. Причината за нападот не е позната.

Фото: Instagram

Видео: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.