Рускиот претседател што завршил пијан и без гаќи пред Белата куќа: Кога се сретнале Елцин и Клинтон, скандалот бил неизбежен!

Дали се сеќавате на оваа средба?

Борис Елцин бил претседател на Русија од 1991 до 1999 година. Се зборувало дека сака да се напие, што резултирало со неколку политички скандали

Борис Елцин имал слаба точка – сакал да се опушти со по некоја чашка повеќе. Кружат приказни дека за време на одредени претседателски службени посети, се однесувал како да е на екскурзија.

Еве за што станува збор…

Бил Клинтон и Борис Елцин имале чуден однос. Во тоа време, рускиот претседател му дал на американскиот претседател неколку хокејашки дресови, на кои пишувало „Елцин 96“ и „Клинтон 96“.

Тоа било и време кога Елцин на конференција за медиуми го нарекол американското новинарство „катастрофално“, а Бил Клинтон се насмеал од срце.

Но можеби најчудниот инцидент во нивната претседателска врска бил кога Елцин се напил и одлутал на улица во долна облека, обидувајќи се да нарача пица.

Овој скандал се случил за време на првата средба на Елцин и Клинтон во Вашингтон, во септември 1994 година.

„Агенти од Тајната служба го нашле Елцин сам на авенијата Пенсилванија, мртов пијан, облечен само во долна облека, како се обидува да сопре такси“, напишал Тејлор Бранч, автор на книгата The Clinton Tapes.

„Елцин гласно се расправал со агентите од Тајната служба. Се противел, бидејќи не сакал да се врати во Белата куќа каде што бил сместен. Сакал да сопре такси за да оди по пица.“

Кога Бранч го прашал Клинтон како завршила ситуацијата, претседателот ги кренал рамениците и кажал: „Па, ја доби својата пица.“

„Но следната вечер, Елцин се обидел да го направи истото повторно. Одбегнувајќи го обезбедувањето, слегол по задните скали во подрумот на Белата куќа, каде што чуварот го заменил за пијан провалник. Елцин бил задржан кратко додека американските и руските агенти не утврдиле дека тој е претседателот на Русија.“

Бидејќи агентите не го препознале на почетокот, имало опасност овој инцидент да прерасне во скандал на државно ниво.

За жал, за време на службената посета на Америка, било откриено дека рускиот претседател има проблеми со алкохолот.
„Вашингтон пост“ во 1995 година известил дека Елцин се појавил на конференција „мртов пијан“.

Наводно, Елцин, исто така под дејство на алкохол, му се јавил на Клинтон и му предложил тајно да се состанат на подморницата.

Било очигледно дека е видно алкохолизиран неколку пати во периодот од 1991 година, па до 1999 година, кога Елцин се сопнал и паднал за време на своите претседателски обврски. Бил непримерен пред камерите, еднаш дури и ја штипнал секретарката пред сите.

По неговата смрт во 2007 година, германските весници го испратиле поранешниот руски претседател со по малку груб наслов: „Подемот и падот на пијаниот цар!“

Љубовни афери, измами, естетски операции и караници: Дали таа е најскандалозната прва дама?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.