PURE Night Club: Се враќа духот на ноќниот живот во Скопје

Нова концепција на програмата!

PURE Night Club ја отвора новата летна клупска сезона, а ние не можеме да дочекаме да Ви посакаме добредојде на вечерите полни со музика, забава и добра енергија. Со големо задоволство ве информираме дека програмата за новата сезона е најдобрата досега, и ги вклучува најголемите регионални имиња од музичката индустрија.

Сакаме повторно Скопје да има богат културен и ноќен живот преку воведување стандарди и воведување на нови концепти. Ќе се обидеме да креираме привлечна и динамична зона за забава и уживање во ноќниот живот на Скопје во разни стилови, и повторно да го вратиме сјајот на ноќниот живот на Скопје како во осумдесеттите и деведесеттите години, велат од менаџерскиот тим на клубот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pure Night Club (@pure_club_skopje)

На 12 мај, ја имаме честа да Ви го претставиме авторот на нај љубовните текстови – Владо Георгиев, кој воедно е и еден од најпопуларни музичари во регионот. На 19 мај, ќе имаме прекрасна вечер со ас-от на хрватската поп музика – Тони Цетински, кој ќе ни ги пее неговите најголеми хитови. А на 25 мај, ќе гостуваат добро познатите рокери – Прљаво Казалиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pure Night Club (@pure_club_skopje)

Клубот во средите ќе биде резервиран за трибјут бендови, четвртоците ќе биде дом на најдоброто од хип-хоп-от, а саботите ќе бидат резервирани за најдобрата диско-музика.

Се надеваме дека ќе дојдете да го пречекаме летото во стил, заедно со најдобрата музика како во добрите стари времиња, додаваат од тимот.

PURE Night Club е урбан ноќен клуб во градскиот Парк, со возрасна граница над 25 години.

Досега на сцената ги видовме Владо Јаневски, Дарио, Џибони, Бајага, Црвена Јабука, , Тамара Тодевска, Наташа Беквалац, Нокаут, Ѓоко Таневски, Бени, Ареа и други локални бендови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pure Night Club (@pure_club_skopje)

Текст: ПР

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.