Првата објава на Деми Мур по веста за здравствената состојба на Брус Вилис: „Благодарна сум за ова наше мешано семејство“

Дознајте повеќе

Објавата на Деми Мур упатена до Брус Вилис никого не го остави рамнодушен

Пред крајот на календарската ера на Рибите, на 19 март, Брус Вилис го прослави 67-от роденден. Сознанието дека познатиот актер страда од ран облик на деменција неодамна го шокира и го загрижи светот, но тој не очајува. Работи со полна пареа, а ја има и најважната поддршка од прекрасното и големо семејство што се труди да му го разубави светот.

Покрај Ема Хеминг, со која е во брак од 2009 година и нивните деца Мејбел и Евелин, тука е и неговата поранешна жена. Слободно можеме да кажеме дека таа му е и најдобра пријателка, актерката Деми Мур, со која има три ќерки: Румер, Талулу и Скаут. Заедно ги поминуваат прославите, родендените, празниците, секој Божиќ… И за оваа пригода Деми Мур подготвила нешто специјално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

„Среќен роденден Брус! Благодарна сум за ова наше ‘мешано’ семејство“, напишала на Инстаграм и оставила срце покрај фотографијата од кујната.

По три пропаднати брака, таа ѝ донела мир: Ова е Србинката што го заробила срцето на Деми Мур!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.