По три пропаднати брака, таа ѝ донела мир: Ова е Србинката што го заробила срцето на Деми Мур!

Деми Мур и Маша Манџука

Славната холивудска актерка ја нема официјално ниту потврдено ниту демантирано врската со Маша Манџука, а папараците многу пати ги имаат уловено заедно

Холивудската актерка Деми Мур беше една од најубавите и најзгодните жени во Холивуд. И покрај додворувањата на бројни познати личност, среќата најпрво ја пронајде со рокерот Фреди Мур (1981-1985) и по разводот одлучила да го задржи неговото презиме.

Потоа следеше бракот со познатиот актер Брус Вилис со кого има три деца.

Потоа, на нејзината шарм паднал и тогаш еден од најпопуларните актери од помладата генерација, Ештон Кучер, кој имал само 25 години кога се сретнале првпат.

Деми тогаш имала 40. Двојката беше во брак 7 години, а врската била преполна со подеми и падови. Во еден момент актерката се обидувала да забремени, сметајќи дека тоа ќе го подобри нивниот однос, но приказната заврши со ужасен развод, по кој Мур била во тешка депресија.

Главната причина била таа што Ештон ѝ бил неверен, а актерот подоцна заплови во врска со Мила Кунис, со која во меѓувреме доби и деца.

Меѓутоа, и Деми ја пронајде својата среќа. Имено, нејзиното срце го освоила девојка од нашите простори, 44-годишната стилистка Маша Манџука. Тие првите неколку години се гледале во тајност и притоа заедно ја воспитувале ќерката на Маша, Руми, која стилистката ја добила со српскиот уметник Богомир Дорингер.

Со текот на времето престанаа да се кријат, па Маша објавува и изливи на љубов на социјалните мрежи.

„Те обожавам и горда сум што сум во твојот живот“, напишала на една заедничка фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Masha Mandzuka (@mashamandzuka)


И домашните и светските медиуми веќе подолго време пишуваат дека тие две се заедно уште од летото 2017 година, а во една пригода биле видени и во Белград. Сепак, во холивудските кругови се шушка дека Деми и Маша се блиски уште од 2014 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Masha Mandzuka (@mashamandzuka)

Маша, која инаку е ко-сопственичка на њујоршкиот бренд Anda&Masha, не сака медиумско внимание, иако тоа тешко ѝ успева, со оглед на тоа што соработувала со ѕвезди како Ријана, Дру Баримор, Алиша Киз. Притоа, таа е првата жена која била поврзувана со Деми.

Како што стојат работите, актерката и стилистката сѐ уште се во врска, а бројни извори потврдуваат дека Маша е таа која ѝ донела мир на Деми, но и ѝ ја зголемила самодовербата, што многу ѝ било потребно по сѐ што поминала во љубовта.

Еве зошто никој не го тргал погледот од Деми Мур: Ретко која жена во 50-тите години би се осмелила да го облече ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.