#Profemina2023: Убавината има тајни, науката ги открива!

А токму тоа е темата на студијата на случај „Науката во служба на убавината“ на годинешната регионална конференција за жени „Профемина“, која ќе се одржи на 23 ноември, четврток, во Холидеј ИН.

Животот во денешно време претставува вистински предизвик за здравиот начин на живот и често имаме проблем со лошата исхрана, многу малку внесуваме вода во организмот, недоволно спиеме, речиси секојдневно сме изложени на премногу стрес… Но сето ова веќе го знаете, нели?

На нашето лице најпрво се забележуваат последиците од стресот, заморот и истоштеноста. Затоа, покрај дополнителна чаша вода и овошје во текот на денот, на нашето тело и лице им е потребна соодветна грижа.

Што кога косата значително опаѓа? Кога лицето е суво и дехидрирано? Што кога се појавуваат темни кругови под очите? Нокти кои бавно растат или се кршливи? Има ли решение во само 1 производ!

Токму тоа ќе имате можност да го дознаете од примариус д-р Зорица Зафировиќ, спец. дерматовенеролог од Универзитетска клиника за дерматологија, која учествува во студијата на случај Науката во служба на убавината, поддржана од Merz Spezial.

Затоа, резервирајте го своето место испраќајќи мејл на event@colormedia.com.mk и повелете во четврток во 14.25 часот во хотелот Холидеј ИН, каде што ќе се одржува „Профемина 2023“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.