Поранешната жена на Џеф Безос ПОВТОРНО се разведува: Ни вториот брак не ѝ успеа

Пукна тиквата

Мекензи Скот, милијардерката која претходно беше во брак со основачот на „Амазон“, Џеф Безос, поднесе барање за развод од нејзиниот втор сопруг.

Повикувајќи се на судскитe записи, „Њујорк тајмс“ објави дека Скот поднелa барање за развод со Ден Џевит во државата Вашингтон, минатиот понеделник.

Скот се разведе со Безос, еден од најбогатите луѓе на светот, во 2019 година, откако се појавија таблоидни приказни за неговата афера со ТВ-водителка, со што по разводот добила 38 милијарди долари.

Филантропот и професорот во приватно средно училиште во Вашингтон се венчаа на тајна церемонија минатиот март. Нешто помалку од една година подоцна, брачните проблеми се појавија кога името на нејзиниот сопруг одеднаш исчезна од нејзините филантропски објави, а таа потоа поднесе барање за развод.

Нивниот сојуз не се базираше само на љубов и посветеност, туку и на филантропско партнерство, при што г. Џевит јавно вети дека ќе ѝ се придружи во донирање огромни суми во добротворни цели. Во март 2021 година, Мекензи Скот ја искористи страницата Giving Pledge за да ја објави веста за нејзиниот брак со Џевит.

Таа го додаде неговото име во своето ветување дека ќе донира голем дел од своето или нивното богатство во хуманитарни цели.

Оженет сум со една од најдарежливите и најљубезни луѓе што ги познавам – ѝ се придружувам во нејзиното ветување да донираме големо богатство за да им помогнам на другите, напиша Џевит, покрај фотографијата од него и Мекензи.

Сепак, по неволите во рајот и пропаѓањето на бракот, сега можеме да ја видиме само нејзината фотографија на веб-страницата Giving Pledge, при што примателите на нејзината хуманитарна помош ѝ се заблагодаруваат само на неа, оставајќи го Џевит целосно надвор од приказната.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.