„Ме допираше и ме бакнуваше со отворена уста“: Светски познатиот актер сексуално ја злоставувал ќерка си од нејзина 5-годишна возраст

Хорор

Ќерката на познатиот актер Клаус Кински, Пола Кински, изјави дека нејзиниот татко сексуално ја злоставувал од мала.

Почна да ме допира и да ме бакнува со отворена уста уште кога бев многу мала, имав пет или шест години, раскажува Паула Кински во интервју за „Стерн“.

„Гардијан“ пишува и за тоа дека Пола била жртва на сексуално и вербално насилство.

Како дете, секогаш молчев затоа што се плашев од него. Бев зависна од него и од неговото внимание, истакна таа и додаде дека нејзиниот татко ѝ велел дека неговото однесување е нормално и дека нема ништо лошо во тоа затоа што сите татковци ширум светот им го прават истото на своите ќерки.

Насилството што го доживеала Пола го опиша детално во својата книга.

Ме обземаше чувство на вина. Се чувствував како да го изневерувам и разочарувам, затоа многу плачев, изјави таа, истакнувајќи:

Книгата ја напишав затоа што веќе не можам да гледам како го фалат и воздигнуваат, морав да реагирам, вели Пола.

Клаус Кински некои го карактеризираа како актерски гениј, кој најмногу глумеше криминалци, отфрлени личности и тиран. Пола рече дека тој бил таков и зад камерите, односно дека воопшто не глумел на екранот.

Полусестрата на Полина, познатата актерка Настасја Кински, изјави дека е горда на неа што ги кажала сите овие детали и рече дека и нејзиниот татко се обидел да ја малтретира. Таа ја негираше претпоставката дека и таа била жртва на сексуално злоставување од страна на нејзиниот очув, но призна дека тој ја злоставувал на други начини, како и дека еднаш се обидел сексуално да ја нападне.

Клаус Кински почина во 1991 година од срцев удар. Пола изјавила дека за тоа ја известила нејзината мајка и дека во тој момент не почувствувала ниту омраза, ниту тага. Таа била целосно рамнодушна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.