Поради неа Милан Станковиќ се свртел кон Бога: Го однеле во манастир поради болест, а потоа доживеал чудо (фото)

Секој со маката...

Тој си знае…

Популарниот пејач Милан Станковиќ преку ноќ одлучи да стави крај на кариерата во подем и да му го посвети животот на Бога.

Секојдневно во медиумите се појавуваат нови детали од неговиот живот, а сега се открива и причината поради која пејачот се свртел кон религијата.

„Сите се прашуваат што се случи со Милан, зошто ја запре кариерата кога беше најуспешен и отиде во манастир, а никој не знае низ каква борба помина. Ја излечи мајка си во манастир и тоа беше знак дека е на вистинскиот пат. Музиката шири љубов, се согласувам, но Милан работи на нешто многу поголемо. Како што и помогна на мајка си, сака да им помага и на другите луѓе кои се тешко болни. Замина на Света Гора затоа што работи на откривање на лек против рак, го потврдил тоа теологот Милош Стојковиќ“, раскажал упатен извор.

Меѓу другото тој истакнал и дека Мајката на Милан поминала околу еден месец во тој манастир и за тоа време монасите редовно ги читале нејзините молитви и ја помазувале со свето масло.

„Станковиќ се молеше за нејзино здравје и исцелување на душата и телото во манастирот Подмаине во Будва, а потоа ја однесе во светилиштето за постојано да биде со неа. По враќањето од манастирот мајката на Милан рекле дека болеста и се намалува, а лекарите биле шокирани од резултатите. Милан е убеден дека исцелението настанало поради помазанието со осветено масло“, посочил изворот.

Да потсетиме, Милан ги посетуваше светите места во Србија и Црна Гора, а своевремено се пишуваше дека наводно бил и искушеник. Иако не успеал да се замонаши, како што пишуваат медиумите, Станковиќ не се врати на забавната музика и се уште редовно ги посетува српските светилишта.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.