Оскарите се одложени за април, а сѐ уште е дискутабилно дали церемонијата ќе биде во живо

Известуваат од Академијата

Оскарите, кои традиционално се одржуваат во февруари, се одложени поради пандемијата на коронарнавирусот.

Оскарите требаше да бидат доделени на 28 февруари 2021 година, но новиот датум е 25 април. Организаторите исто така се согласија да го продолжат рокот за пријавување на филмови до крајот на февруари 2021 година, наместо крајот на декември годинава. Номинациите ќе бидат објавени на 15 март следната година.

Сè уште не е познато дали церемонијата ќе биде во живо или виртуелна. Наградите се одложени за првпат по 40 години. Оскарите биле одложени само три пати досега – за време на поплавите во Лос Анџелес во 1938 година, по атентатот на Мартин Лутер Кинг Џуниор во 1968 година, и по обидот за атентат врз Роналд Реган, претседателот на САД во 1981 година.

Академијата исто така неодамна ги смени правилата, така што филмовите кои дебитираат на услугите за стриминг се квалификуваат за наградите следната година. Досега, филмовите би можеле да бидат номинирани само ако се прикажуваа во кината во Лос Анџелес најмалку една недела.

– Филмовите долго време играат важна улога во обезбедувањето удобност и инспирација и ги забавуваат луѓето во најтемни времиња. Оваа година тоа е сигурно. Се надеваме дека со овие потези ќе им ја дадеме на филмските режисери флексибилноста што им е потребна за да ги комплетираат и пуштаат филмови без да бидат казнети за нешто што е над сечија контрола – рече претседателот на Академијата, Дејвид Рубин.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.