Опасниот рапер (37) облекол венчаница од тантела: Е, сега официјално имаме видено сè!

Неверојатно

Прво панкерите ги исцртуваа очите со туш, потоа рокерите ги лакираа ноктите, а сега раперите носат бели венчаници!

Раперот Кид Кади (37) се појавил во бела венчаница од тантела со превез на главата на доделувањето модни награди.

Модниот дизајнер Ели Расел Линец ја смислил оваа креација за идните невести, а Кид Кади изгледа имал голема желба да ја облече.

„Од чиста мира му испратив порака: ‘Сакаш ли да бидеш моја невеста?’. И тој се согласи!“, рекол гордиот дизајнер.

Куди освен венчаница облекол и хеланки од тантела под фустанот, бели патики, бело сако и ставил превез на главата.

„Му верувам на овој човек, па целосно му се препуштив“, рекол раперот за модниот дизајнер и неговата креација.

Линец важи за еден од просперитетните модни дизајнери на кои им претстои голема кариера.

Ова не е првпат мажи да се појавуваат во женска облека, но досега ниту еден не облекол венчаница.

Вчера, на црвениот килим на премиерата на филмот „Куќата на Гучи“ го видовме Џаред Лето со женска чанта во раката, а уште одамна пејачот Хери Стајлс претпочита женски стил на облекување, како и мажите од групата „Манескин“.

Дали вие би биле во ред со тоа вашиот сопруг или партнер да облече вакво нешто?

Дамијано Дејвид во мини-здолниште ја распамети публиката: Што е тоа кај овој маж што толку ги излудува жените?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.