„Такви провокации, мене не ми е добро“: Милица Павловиќ ЗБЕСНА на постапките на Шаќири, не може да си дојде при себе

Шоубизнис

Пејачката Милица Павловиќ будно ги следеше српските репрезентативци за време на Светското првенство во Катар, па така го следеше натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија. Сепак, однесувањето на одредени фудбалери ја исфрли целосно од чекор.

За време на решавачкиот меч за Србија, кој беше повеќе од стресен, Милица се снимаше и откри како се чувствувала додека го гледала тензичниот меч. Видно напнатата пејачка на своите следбеници им порача дека „сега гледала фудбалски натпревар и никогаш повеќе“.

Она на што посебно привлече внимание пејачката се провокациите кои ги упатува Шаќири кон српските играчи, но и некои други играчи од швајцарскиот тим.

„Не знам како вие момци? Јас не сум добро. Сега гледам и никогаш повеќе. А тие провокации, значи..“, рече Милица додека одмавна со главата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.