Нов скандал го тресе кралското семејство: Додека таа чува деца, тој се забавува со 3 девојки на јахта!

Погледнете

Џек Бруксбенк ќе мора да му даде објаснување на своето семејство

Овој пат во центарот на скандалите не се нашле ниту принц Вилијам, ниту Хари, туку нивната братучетка, принцезата Евгенија. Поточно, главна тема е нејзиниот сопруг.

Имено, папараците го уловиле Џек Бруксбенк на јахта покрај италијанскиот остров Капри како се забавува со три згодни девојки, Рејчел Залис, Марија Букелати и Ерика Пелосини.

Тоа требало да биде службено патување на кое ќе ја промовира текилата од фирмата за која работа, но изгледа дека Џек премногу се опуштил.

Британската јавност во истиот миг му го замерила сето тоа, особено затоа што принцезата Евгенија, која пред пет месеци го родила нивниот прв син Август, останала дома.

Иако никој не го очекувал тоа, во негова одбрана веднаш застанала неговата тешта Сара Фергусон, која тврди дека тој само си ја работи својата работа како бренд-амбасадор.

„Таа чува бебе, а тој допира топлес жени на јахта. Катастрофа!“, е само еден од коментарите на социјалните мрежи.

„Џек е прекрасен татко, одличен сопруг и никогаш не се турка во првите редови, секогаш е во позадина. Оваа приказна е целосно измислена“, изјавила таа.

Вака изгледа девојката со која, според британските медиуми, Џек бил најблизок:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel Zalis (@rachelzalis)

Шок во британското кралско семејство: Испливала последната желба на кралицата Елизабета Втора?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.