Нема да го препознаете: Доналд Трамп се појави во јавност БЕЗ ШМИНКА!

Шоубизнис

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред некој ден се појави на голф турнир во неговиот клуб во Бедминстер, Њу Џерси и тоа без добро познатата пудра за лице, поради која неговиот тен изгледа крајно вештачки со чудна портокалова нијанса.

Штом фотографиите од Трамп без шминка ја здогледаа светлината на денот, тие веднаш почнаа да се коментираат на Твитер.

Портокаловиот тен на Доналд Трамп го „украсува“ со години, а покрај неговата не помалку необична фризура, тоа е и еден од заштитните знаци на неговиот имиџ. Неговиот изглед толку многу се коментираше што беше причина за бројни мемиња. Но, каква е ситуацијата сега?

Прво, погледнете како изгледа Доналд Трамп без шминка.

„Тој личи на Дарт Вејдер кога ја симнува маската“, „Иако не го одобрувам, разбирам зошто користи спреј тен“, коментираат на Твитер.

Рака на срце, Доналд Трамп (76) изгледа како повеќето мажи на негова возраст, но со оглед на долгогодишното искуство во промовирање на портокалов тен и се друго што го придружува американскиот милијардер, ваквите коментари не се изненадување. Важно е да се каже дека Трамп, како што покажува и фотографијата, има проблеми со кожата, па веројатно оттука и потребата за впечатлива шминка.

На спортскиот настан во Њу Џерси беа и Кејтлин Џенер, голферот Дастин Џонсон, синот и ќерката на Трамп, Ерик и Иванка Трамп, кои дојдоа со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кој неодамна откри дека се борел со рак на тироидната жлезда.

Инаку, семејството Трамп доживеа трагедија кон средината на овој месец. Поранешната сопруга на Доналд Трамп и мајка на неговите три деца Иванка, Ерик и Доналд Јуниор, Ивана Трамп почина на 14 јули во својот дом во Њујорк, откако падна по скали. Таа имаше 73 години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.