Наташа 8 години му била љубовница на деверот: Ѝ направил дете, па нашол друга која ѕверски ја злоупотребувал!

Скандалозно

Сите знаат кој е фудбалерот кому сопругата на неговиот брат 8 години му била љубовница – Рајан Гигс сега нашол друга девојка

Поранешниот фудбалер на Манчестер, Рајан Гигс, минатата година се нашол во центарот на скандалите откако испливале детали за неговите љубовни афери. Имено, неговата поранешна девојка го обвинила за злоупотребување, поради што се завршил на суд.

Рајан осум години ја изневерувал својата жена со сопругата на брат му, Наташа Гигс, а освен неа, имал уште неколку љубовници. Кога таа дознала дека Рајан и неа ја изневерува со ријалити-ѕвездата Имоген Томас, таа ги изнела во јавност сите шокантни детали за врската со спортистот. Наташа открила и дека го абортирала нивното дете неколку недели пред да се омажи за Родри.

По разводот, започнал врска со Кејт Гревил која дури по две години врска открила дека ја злоупотребувал, па поднела тужба.

Меѓутоа, фудбалерот не губел време, туку веднаш нашол замена. По подолго време, фотографиран е со нова, 15 години помлада девојка. Инаку, Зара Чарлс е манекенка за долна облека, а се чини дека друштвото на фудбалерот баш ѝ годи.

https://twitter.com/gimmemoregossip/status/1658078410017579015?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1658078410017579015%7Ctwgr%5Ef0d86481ee2357794cc84eb9aaa1b3477b99d6c7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F201235%2Fko-je-fudbaler-kom-je-bratova-zena-8-godina-bila-ljubavnica

 

Рајан изгледал како да нема ниту една грижа на светот, и покрај тоа што му е наложено повторно судење поради обвинувањето за семејно насилство над поранешната девојка Кејт Гревил.

Сепак, изгледа дека тој ќе мора да чека најмалку до средината на 2023 година за да ја дознае својата судбина. Сепак, неговата нова девојка без приговор е на негова страна и му е најголема поддршка, иако доказите јасно говорат дека Гигс е насилник.

„Постојано сакаше да имаме интимни односи, ми се јавуваше по 50 пати во еден час“, рекла неговата поранешна девојка Кејт Гревил.

Кејт детално го опишала насилното однесување на фудбалерот. Според неа, Гигс имал афера со 8 различни жени, а доказ за тоа нашла во неговиот ајпед, по што се отселила од нивната куќа во 2020 година.

„Одлучив да ја дознам вистината. Реалноста за она што го најдов во тој ајпед беше многу полоша одошто можете да си замислите“, рекла таа и додала дека во пораките што им ги испраќал на пријателите, неа ја нарекувал „крава“.

Таа ги поднесувала понижувањето и насилството, бидејќи не знаела како да ја напушти таа врска. Според нејзините зборови, Гигс ја уценувал заканувајќи ѝ се дека на сите негови пријатели ќе им испрати детали за нивните интимни односи.

Кејт Гревил до детали ги опишала ситуациите во кои Гигс бил насилен, а истакнала и дека во една пригода ја исфрлил гола од станот.

Фудбалерот сиот свој имот ѝ го препишал на мајка му: Сопругата му барала половина од богатството, но нема да добие ни евро
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.