Фудбалерот сиот свој имот ѝ го препишал на мајка му: Сопругата му барала половина од богатството, но нема да добие ни евро

Постапка што го шокира светот

Како што неофицијално пренесуваат медиумите, фудбалерот од Мароко, Ашраф Хакими, сиот свој имот ѝ го препишал на мајка му

Најдобриот фудбалер во Мароко, Ашраф Хакими, покрај поради своите фудбалски вештини, често бил во центарот на вниманието и поради својот брак со 12 години постарата актерка Хиба Абук. Хиба важи за една од најубавите жени на светот, но овој брак се распаднал наводно поради неверствата на фудбалерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hiba Abouk (@hiba_abouk_)

Моментално на интернет кружат информации дека Ашраф уште пред неколку години сиот свој имот ѝ го препишал на својата мајка Садие Моути и дека токму поради тоа, неговата поранешна сопруга Хиба Абук нема да добие никаква отштета за поделба на имотот по разводот.

Откако овој репрезентативец бил обвинет за силување, неговата сопруга Хиба веднаш поднела барање за развод обвинувајќи го за неверство, а веднаш штом го направила тоа, му се обратила на судот со барање да добие половина од имотот на овој марокански фудбалер.

На социјалните мрежи, но и во медиумите, сè уште неофицијално се шушка дека фудбалерот сиот свој имот ѝ го препишал на мајка му, па така на хартија практично нема ништо и неговата сопруга нема да добие ни дел од богатството што го заработил, а кое се проценува на 70 милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Achraf Hakimi (@achrafhakimi)

Хакими има месечна плата во износ од милион евра, а со сопругата Хиба започнал врска кога имал 19 години. Таа во тој момент имала 31 година. Дефанзивецот бил обвинет дека силувал жена која ја повикал во својот дом додека сопругата Хиба и семејството биле во Дубаи, но тој го демантирал тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Achraf Hakimi (@achrafhakimi)

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими пред две години преминал од Интер за 71 милион евра. Од бракот со шпанската актерка со либиско потекло има два сина и важи за многу побожен фудбалер.

Фудбалерот лудо ја сакал, се откажал и од кариерата поради нејзината борба со ракот: Кога закрепнала, го изневерила со ОВОЈ заводник!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.