Фудбалерот лудо ја сакал, се откажал и од кариерата поради нејзината борба со ракот: Кога закрепнала, го изневерила со ОВОЈ заводник!

Шок!

Рафаел ван дер Варт и Силви Меис беа синоним за хармоничен брак и прекрасен љубовен однос, но среќата не им траеше долго

Рафаел ван дер Варт и Силви Меис важеа за една од најубавите холивудски двојки, а многумина ги нарекуваа „новите Бекамови“. Нивниот однос се чинеше беспрекорен сè до дочекот на 2013 година, кога нивната љубов се распарчи на делови, а страшните видеа од нивната кавга го обиколија светот.

Имено, познатиот фудбалер на „Ајакс“, кој има одиграно повеќе од 140 натпревари и им дадено повеќе од 50 голови за својата сопруга, која е инаку познато ТВ-лице, бил подготвен да направи сè за неа. Важел за исклучително пожртвуван и посветен татко и сопруг.

На новогодишната ноќ, кога ја пречекувале фамозната 2013 година, Рафаел ван дер Варт и Силви изгледале среќно, споделувале фотографии на социјалните мрежи и славеле, за следниот ден да се појави вест дека фудбалерот ја удирал пред сите. Тогаш славниот спортист ја направил најголемата животна грешка. Излегол најголем виновник, а јавноста не престанала да го осудува ни цела деценија подоцна.

Што, всушност, се случило?

Сите знаеле дека Рафаел бил подготвен и ѕвездите да ги симне за Силви. Кога се соочила со страшната дијагноза на карцином на дојка, фудбалерот ја занемарил својата успешна кариера во тој момент и се посветил на грижата за сопругата, за да оздрави што побрзо.

Но само една година откако се изборила за живот и го победила карциномот, фудбалерот открил дека сопругата го изневерува со пилот. Тоа подоцна го признала и јавно, токму на споменатата забава, по што Рафаел дознал за неверството, па во наплив на бес ја удрил, што апсолутно не е никакво оправдување.

Бракот им се распаднал, но Силви не тагувала долго. Кратко по крајот на бракот во кој го добила синот Даниел, нашла утеха покрај Чарбел Ауад, моќен бизнисмен од Дубаи, за кого се свршила, но тоа траело само неколку месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sylvie Meis (@sylviemeis)

Среќата ја пронашла дури во 2019 година, кога го запознала германскиот уметник Никлас Кастел во кого е вљубена до уши. Тие неодамна биле фотографирани на плажа во Мајами, каде што одморале со пријателите, а убавата Силви изгледала одлично како и секогаш, додека не ја симнувала насмевката од лицето. Кога станува збор за Рафаел, тој самувал некое време, за во 2016 година повторно да заплови во врска со убавата одбојкарка Еставан Полман.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.