Музичката дива е во тешка здравствена состојба: Селин Дион повеќе не станува од кревет!

Откажала уште настапи

Музичката дива поради проблеми со здравјето изгубила премногу телесна маса, а повеќе не може ни да се движи, според некои извори. Поради сето тоа, некое време можеби ќе се повлече од музичкиот свет

Славната канадска пејачка Селин Дион уште во октомври минатата година ги загрижи обожавателите, откажувајќи ги најавените концерти во Лас Вегас, а неодамна одложила уште неколку. Причината за тоа се здравствените проблеми со кои се бори дивата и со јаките, долготрајни грчеви во мускулите. Нејзината блиска пријателка сега јавна проговорила за нејзината загрижувачка здравствена состојба.

Имено, пејачката повеќе не може да стане од кревет, ниту да се движи, поради јаките и парализирачки болки во нозете и стапалата, открил изворот додавајќи дека Селин значајно ослабела и дека многу е слаба, поради што ѝ е тешко да се грижи за своите деца, 11-годишните близнаци Еди и Нелсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Размислува да се повлече од светот на музиката

Ако не ѝ се подобри состојбата, би можела да се повлече од светот на музиката на неколку месеци до една година, што би можело тешко да ѝ падне, иако е опкружена со семејството кое ѝ ја дава најголемата поддршка.

„Срцето ми е скршено. Јас и мојот тим се подготвуваме за настапите последниве осум месеци и страшно ме растажува тоа што не можам да ги одржам овој јануари“, вака пејачката ја споделила болката што ја чувствува со верните обожаватели, за чиј инспиративен живот снимен е филмот Aline Valerie Lemercier, пред самото откажување на турнејата.

Селин Дион првпат покажа како изгледаат нејзините близнаци на нивниот посебен ден
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.