Метју Пери жестоко го навреди Киану Ривс, па сега одлучи да се извини: „Случајно одбрав име, не е намерно“

Шоубизнис

Ѕвездата на серијата „Пријатели“ жестоко го навреди колегата.

Метју Пери, кој е познат како Чендлер од серијата „Пријатели“, најави дека наскоро треба да ги објави своите мемоари под називот “Friends, Lovers and the Big Terrible Thing”, а последните дена главна тема е дел од книгата кој се појави во јаноста, а се однесува на неговиот колега Киану Ривс.

„Зошто актери како Риверс Феникс и Хит Леџер умираат, но Киану Ривс се уште чекори меѓу нас?“, напишал актерот.

Одбрал име по случаен избор

Сепак, во овој дел во книгата, Метју Пери истакнува како немал никаква намера, туку сосема случајно го одбрал тоа име.

„Всушност јас сум негов голем обожавател. Само случајно го одбрав името, мога грешка. Се извинувам. Требаше наместо неговото да искористам друго име“, вели актерот за списанието “People”.

Откако таа мисла дојде во јавноста, многу познати личности се огласија и открија колку го сакаат и поддржуваат Киану Ривс, додека беа разочарани од Пери.

„Лично сум воодшена што Киану Ривс чекори меѓу на нас“, напиша Рејчел Зеглер на Твитер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.