Пике за првпат ја посети Шакира откако го исфрли: Во куќата се задржал 10 минути, а ова е причината! (ФОТО)

Популарниот пар од летото повеќе не е заедно...

Фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира се уште се борат за старателството над нивните деца, откако летото објавија дека се разведуваат.

Сега Пике ја посетил нејзината куќа за првпат откако се отсели, пишуваат шпанскиот медум „Marca“.

Фудбалерот го паркирал своето „порше“ пред куќата, а му требало време да се пробие до влезот, бидејќи новинарите го обиколиле.

Тој ги игнорирал и не одговарал на нивните прашања. Инаку, тој дошол таму за да ги земе децата и во куќата се задржал 10 минути.

Ова е првпат Пике да се појави таму откако Шакира го избрка од домот.

Да потсетиме, пејачката неодамна објави доста интересен спот за новата песна „Monotonia“ во која многу сликовито го опишала процесот на закрепнување на „скршеното срце“ по раскинот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.