Манојловиќ ги скрши машките срца, но ја откри и причината: „Не размислувам да се посветам на маж, деца и куќа“

Љубов, кариера, пари...

Секој сам одлучува што сака…

Пејачката Радмила Манојловиќ откри непознати детали за својот живот, па проговори за односите со пејачот Милан Станковиќ, со кој своевремено беше во љубовна врска.

„Уште од мала знаев што ќе бидам, никогаш не размислував да се повлечам на страна и да се посветам во целост на куќата, мажот и децата. Важно ми е да го работам тоа што го сакам. Не се гледам себе си во таа семејна улога. Ми се чини дека ако се посветев на приватниот, ќе го немав професионалниот живот. Ако ми е судено ќе се случи и тоа, спремна сум. Колку и да звучам чудно си посакувам да ми се случи тоа. Но прво сакам да издадам албум, па да се случи некој господин… Многу работи посакувам и очекувам во наредната година“, рече Рада.

Меѓу другото, во емисијата во која гостуваше откри и дали и недостасува љубов.

„Секако дека ми е потребна љубов, прегратка, како и на секој нормален човек. Имам чувство дека годинава го имав животот во свои раце“, рече Рада, па се надоврза и на муабетот за односите со Милан Станковиќ.

„Многу луѓе ми имаат кажано, речи му да не оди, како јас да можам да влијаам. Јас зборував, но тоа е како да зборуваш со ветрот. Тој е толку тврдоглав што речиси и не можам да ви опишам. Тој е свој, кога ќе зацрта нешто не отстапува. Сега сфаќа колку е интересен и колку луѓето го сакаат, па не верувам дека така лесно ќе се откаже од овој световен живот и ќе се замонаши“, додаде пејачката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.