Кошмарот продолжува во белградските училишта: Ученичка со нож ранила соученик и наставничка

Фудбалерот Вујадин Савиќ дошол пред училиштето „Руѓер Бошковиќ“ во Белград каде што во попладневните часови се одвивала драма кога поранешна ученичка повредила ученик (15) и професорката која се обидела да ја спречи во тоа.

Во ова приватно училиште учат децата на фудбалерот и актерката Мирка Васиљевиќ, па вознемирениот татко веднаш се упатил кон Кошутњак.

Навистина ништо не можам да ви кажам, не ги знаеме точните информации, ниту што, ниту како се случило – изјавила кратко загрижена Мирка.

Таа откри дека нејзините деца, кои Вујадин отишол да ги земе, се добро.

Децата, фала му на Бога, се добро, навистина не можам ништо да кажам – изјави Мирка за Телеграф.рс.

Како што пренесуваат медиумите, девојчето донело кујнски нож во училиштето од кое неодамна самоиницијативно се испишало, а за среќа нападнатите не биле тешко повредени.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.