Карлеуша го отвори срцето и ги откри најдлабоките тајни: „Би го дала животот за мојот Душко…“

Најинтригантниот пар на јавната сцена

Брачната двојка Карлеуша и Тошиќ ја заинтригира јавноста со својот брак и сѐ уште никој не ја знае вистината за нивната врска.

Поп-пејачката Јелена Карлеуша, која неодамна во емисијата „Мали нешта“ зборуваше за машко-женските односи, пред извесно време зборуваше за својот брак и малите нешта што го прават брачниот живот интересен. Таа на сите им даде до знаење колку го сака својот сопруг.

Со Душко сум 15 години. Веќе престанавме да славиме годишнини затоа што по 15 години некако станува нешто што не се слави. Како и родендените, кога ќе наполниш 40. Верувам дека, кога е Душко во прашање, тој најмногу ме сака без шминка, без додатоци што ги валкаат маицата, кошулата, лицето, навлаката за перница…

Фото: Иван Вучиќевиќ за „Свет“

Никој не е совршен, не постои совршен. Не сум совршена. Сите ние имаме недостатоци, а јас имам најмногу. Прва јас. Поентата е да прифатиш некого и да сакаш некого со сите тие маани. Ако го барате идеалот, тешко дека ќе го најдете. Ако премногу филозофираш, ќе бидеш сам.

На прашањето кој е нејзиниот рецепт за среќен и долготраен брак, Јелена истакна:

Кога луѓето се еден покрај друг во добро или во лошо, кога сакате да го дадете животот за некого, тогаш тоа е вистинската работа. А, за оној што ви се допаѓа на Инстаграм, што е добро, не сакате да го дадете животот, нели? Можеби ќе му дадете нешто, но не сѐ. А Душко е сепак некој за кого би го дала животот – истакнала Карлеуша пред две години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.