Јелена Томашевиќ на скопјани им приреди магична НОЌ ЗА ПАМЕТЕЊЕ! (ФОТО)

„Скопје те сакам!“

По-дивата Јелена Томашевиќ неделава престојуваше во нашиот главен град Скопје, а поводот за нејзиното доаѓање беше настапот во локалот каде често гостува, Equilibrium day&night.

Токму таму, таа на Македонците во средата им подари многу музика и многу емоции.

Убавата атмосфера на летната тераса, нејзиниот совршен стајлинг (црвено-жолт свилен фустан, нежна фризура и шминка) гласот, како и бендот кој совршено се вклопи, се сегменти кои ја направија оваа ноќ магична и посебна.

 


Јелена на својот Инстаграм профил се пофали дека самата се нашминкала и ја средила косата за овој настап, а откако ја понесоа емоциите и енергијата која публиката и ја враќаше во големи дози, пејачката ја искажа љубовта кон нашиот народ така што на Инстаграм под објавата напиша

Скопје, ТЕ САКАМ!

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.