Излезе уште една афера на Пике: Додека бил во брак со Шакира, се гледал и со една израелска манекенка

Ноторен прељубник

Пике ја изневерил Шакира со позната израелска манекенка, се дознала преку блиска личност.

Уште една афера на фудбалерот Жерар Пике излезе на виделина и тоа сосема случајно. Откако раскина со латино-дивата Шакира, не престанува да се пишува за неговите неверства за време на заедничкиот живот со пејачката. Имено, сега е откриено дека тој имал романса со израелската манекенка Бар Рафаели (37).

Според шпанските медиуми, Бар и Жерар имале афера во 2012 година, додека спортистот веќе бил во врска со Шакира две години.

Пред неколку дена разговарав со мојата блиска пријателка Бар Рафаели, која ми потврди дека аферата била причина за нејзините чести посети на Барселона“, изјави папараци-фотографот Жорди Мартин.

Мартин додал дека информацијата ја споделил со Шакира преку една личност која е многу блиска со пејачката.

Помеѓу 30 јуни и 6 јули минатата година, Пике отпатува во Монако со друга жена. И тоа ѝ го ставив до знаење. Шакира доби многу нови информации за кои воопшто не била свесна, открива тој.

Жерар сега е во врска со студентката Клара која има само 23 години. Но, гласините за неверствата на фудбалерот кружат со години, па тој беше поврзуван и со бразилската манекенка Сузи Кортес (32), скопската старлета Драгана Спасовски, мајката на неговиот колега од фудбалскиот тим Пабло Гави (17), а сега тој е во врска со младата студентка Клара Чијо Марти (23). Тие се запознале додека таа работела на неговата рекламна кампања.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.