(ФОТО) Бремената Вики Миљковиќ не ја симнува насмевката од лицето, а и Цеца е до неа на фотографијата 

Досега невидена фотографија од кумите

Пред 13 години, во 2007 година, Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ Ташке го кажаа судбоносното „да“. И покрај противењето на семејството, кое ја следеше нивната врска од самиот почеток, парот успешно ја негуваше својата врска цели 13 години, а потоа ја крунисаа со брак, кој трае 16 години.

Тогаш бремената Вики Миљковиќ сакаше да блесне на својата свадба, во бела раскошна венчаница, за која се зборува и денес.

Меѓутоа, фотографијата која ретко се гледа, а која претставува момент на чиста среќа, е создадена малку подоцна, истата вечер на 31 мај 2007 година.

Бремената Вики Миљковиќ ја соблече луксузната венчаница и облече тесен бел фустан со златни детали, кој го истакна нејзиниот труднички стомак. Со синот Андреј под срцето, на најсреќниот ден во животот, Вики се радуваше со најблиските, но на таа прослава некој зазеде посебно место.

Фотографијата, која јавноста можеби ќе има можност да ја види првпат, сведочи за вистинската среќа на двете куми, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Вики Миљковиќ, кои тој ден го подигнаа своето пријателство на повисоко ниво и кое само се зацврстиуваше од година во година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @estradni.arhiv

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе