„Долго време живеев во агонија“: Тамара Тодевска за говорот на омраза и разводот со Мачка

„За сè постои излез“

Пејачката Тамара Тодевска по седум години брак одлучи да ѝ стави крај на љубовната приказна со кошаркарот Александар Димтровски – Мачка.

Популарната пејачка Тамара Тодевска гостуваше во позната ТВ-емисија на „Гранд“ каде што, меѓу другото, зборуваше за разводот и за својот сегашен однос со поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка, со кого беше во брак седум години.

Како што изјави и самата, одлуката не ја донела преку ноќ, а призна и дека долго време живеела во агонија.

Јас долго време бев во тој „кафез“, живеев во агонија, сè се вртеше во круг, па тие зборови излегоа од мене од некој гнев. Додека пишував, ми се врати сето она што ми се случи во претходниот период. Одлучив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека е лесно, ако навистина сакате. Ова е за сите што имале проблем со говорот на омраза, за сите што некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, имале безизлезна ситуација – рече Тамара и се осврна на нејзиниот неодамнешен развод.

Сè уште сум официјално во брак, но повеќе не живееме заедно. Во одлични односи сме, имаме две деца и подобро се согласуваме отколку кога бевме во брак. Тоа е одлична работа што ја направивме еден за друг – истакна пејачката, која по разделбата со сопругот имала голема поддршка од семејството и пријателите.

За сè има излез, само треба да верувате. Не излегов сама од тоа, имам пријатели, родители, психолози, не се срамам од тоа. Најважно е што излегов од тој кафез – заклучи Тамара.

Фото: Printscreen Grand

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.