Дејвид Гета поради неа ги остави СОПРУГАТА и ДЕЦАТА, а сега пукна и оваа врска: „Мислеа дека се родени еден за друг, но..“

Шоубизнис

Еден од најплатените светски парови Дејвид Гета и Џесика Ледон ја раскинаа врската после седум години забавување.

Познатиот диџеј и актерката ја прекинаа романсата бидејќи повеќе не се компатибилни еден со друг, вели изворот за „Дејли мејл’ и напомена дека се разделиле според фактот што Дејвид Гета (54) во текот на летото живеел на Ибица, а Џесика Ледон (30) во Америка.

Поранешниот пар почна да се забавува во 2015 година, а тој минатата година и` подари прстен со ветување намесето веренички прстен бидејќи „повеќе не верува во брак“.

„Имаат долго заедничко минато. Мислеа дека се создадени еден за друг, но не успеа“, вели изворот.

Џесика и Гета не се појавиле во јавноста после доделувањето на Греми нарадите во април. Актерката во август оваа година објавуваше фотографии од ноќното излегување со пријателите, што е можно да се поврзе со разделбата на нив двајца. Таа тогаш напиша: „Влегуваме во нова ера, без извинување и многу уверувања“.

Нивната врска ја следеа и коментираа дека познатиот музичар поради младата партнерка се развел од поранешната сопруга Кети со која бил во брак од 22 години, од 1992 година до 2014 година, со која ги има ќерката Енди и синот Елвис.

Повеќе од очигледна беше неговата визуелна трансформација бидејќи формата во шестата деценија ја доведе до совршенство.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.